Силна бура проследена со обилни врнежи и ветер ги блокираше автопатите и железниците во јужна Франција. Некои училишта се затворени, а нормализација на железничкиот сообраќај не се очекува до викендот.
Поплавениот автопат меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу двата града.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
За денеска се очекуваат дополнителни обилни врнежи, а издадено е предупредување од втор степен за 13 административни области.
Сите училишта во областа Гард кои беа најтешко погодени во вторникот ќе останат затворени и денеска.