(Видео) Caгата со Бугарија продолжува – во ЕУ HИKOГАШ?: Бугарските академици бараат уште поocтpa декларација во бугарскиот парламент за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова уште поостра декларација за решавање на спорот со Македонија, бараат бугарски академици. Она што е плус проблематично е нивното барање таа да влезе во официјалните документи на Европската унија, со што овој македонско- бугарски спор веќе не би бил билатерален, туку би бил и документирана кочница за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.

Во декларацијата се наведени неколку барања, како услови кои мора да се исполнат за да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, а кои директно удираат по македонските национални интереси.

-Законски гаранции дека Договорот за добрососедство и обврските ќе бидат почитувани, откажување од малцински и територијални претензии, рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам кои наводно имале бугарска самосвест, промена на наставните програми во Македонија, отстранување на знаци и натписи и придржување кон клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји за официјалниот јазик на Република Северна Македонија, пишува во новата бугарска декларација.

По објавување на оваа предлог декларација, министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, вели дека мора да ги прифатиме бугарските барања, за тие да не станат официјални документи на Европската унија.

-Краткиот пат е билатералниот пат, долгиот пат е кога треба да се мине низ сите земји членки на Европската унија, за да се добие нивната согласност за вклучување на такви елементи во преговарачката рамка, кои ќе ја задоволат Бугарија. И ако забележавте во последните два месеци има многу поголемо разбирање за тоа кои се бугарските грижи, ни порача Стоев.

Ставот на сите политички субјекти во Бугарија околу спорот со Македонија е ист, а очекувано официјално оваа декларација прв ја поддржа Красимир Каракачанов и неговата ВМРО-БНД. Уште еднаш порачувајќи ни дека не можеме да се надеваме на напредок во евроинтеграциите без прифаќање на бугарските уцени и условувања.

-Декларацијата е производ на претставници на историската наука, на професори, на академици, која беше поддржана на општеството, ние бевме првите кои ја поддржавме. Зошто? Затоа што како ВМРО и другите политички партии во коалицијата „Бугарски патриоти“, секогаш сме имале јасна позиција по темата за Македонија. Не за говорот на омразата, не за фалсификувањето на бугарската историја, права и гаранции за правата на Бугарите во Македонија. Никаков компромис со Скопје, ако тие не ја променат својата антибугарска политика, изјави Каракачанов.

Инаку, во Бугарија веќе има декларација донесена во Парламентот, зад која стојат сите политички партии, кога е во прашање спорот со Македонија, а со која директно се удира по македонските национални интереси.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This