Граѓани бараат министерот за внатрешни работи да расчисти со случаите во кои македонски граѓани на социјалната мрежа Тик-Ток прикажуваат видеа на кои се гледа како се пука од автоматско оружје, најчесто од популарната руска пушка Калашњиков (Калаш)
По неколкуте предходни инциденти за кои молчат Спасовски и МВР се појави уште едно видео на кое се гледа како непознато лице празни цел шаржер а други двајца го снимаат по што едното видео осамна на Тик-Ток.
Спасовски може лесно да утврди за кого се работи и да преземе соодветни мерки.