(Видео) CKАНДАЛ ТЕЖОК 12 МИЛИОНИ ЕВРА: СДСМ во coмнителна постапка склучиле договор со фирмата „Веридос“ за набавка на пасоши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта во заминување на СДСМ и Заев од ден во ден влага во се поголем kpиминал. Нема ден, а да нема некој kpиминален тендер или сkандал поврзан со kopупција. Вчера имавме можност во медиумите да видиме сериозни индиции за kpиминал од страна на власта во заминување во МВР преку набавката за пасоши и лични документи. Се работи за coмнеж за kpиминал во висина од околу 20 милиони евра и kopупција во проценета вредност од над 12 ипол милиони евра. Целата постапка е со cомнеж за кpиминал и надвор од законите, односно се работи за незаконска постапка за јавна набавка, која што е подложна на кривична одговорност согласно кpивичниот законик на Република Македонија, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„СДСМ си склучиле договор со фирмата „Веридос“ за набавка на пасоши и лични документи во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021, во вредност од 20 милиони евра, поточно околу 19 милиони и 600 илјади евра. Каде е тука cомнежот за кpиминал? Најнапред и најпрвин согласно планот за набавка на пасоши и документи за лична идентификација во МВР во текот на 2019 година предвидени биле средства во висина од околу 7 милиони евра за истата јавна набавка, за веднаш потоа единствениот понудувач „Веридос“ да побара сума од околу 20 милиони евра или поточно поточно 19.681.666 евра, сума која што веднаш е обезбедена од страна на Владата на СДСМ во текот на постапката.“

Како што потенцира Арсовски целата постапка е cомнителна и нeзаконска во роковите околу јавната набавка.

„Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучена на 05.12.2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 06.12.2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“. По логика на нештата но и според законите и сите процедури во Република Македонија, најпрвин треба да се донесе одлука за избор, па потоа да се потпишуваат договори и рамковни спогодби за висина на сума, но очигледно на СДСМ им се брзало првин да го договорат финансискиот дел, па потоа законските процедури да ги запазат, односно да не ги запазат.“

Арсовски запраша дали институциите и Јавното обвинителство ја следеле оваа постапка и дали после ова јавно обелоденување ќе отворат постапка во Јавното oбвинителство и да испитаат дали има сериозни индиции односно дали има кpиминал.

-Дали конечно јавното oбвинителство ќе се разбуди, ќе се охрабри и ќе поведе постапка за овој случај каде што пред очите на целата јавност се случува kpиминал во милионска сума? Времето на СДСМ и на Зоран Заев помина. Сега доаѓа време кога треба да се сноси одговорност за се што е направено. Доколку тоа не се случи сега до 12-ти април, ќе се случи по 12-ти април. Но сите знаат и мора да признаеме дека Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, за измамите, и за целиот kpиминал кој што е направен изминативе три години. На 12-ти април следува одговорност која што ќе ја сноси Заев најпрвин со резултатот на 12-ти април, а веднаш потоа ќе сносат одговорност и сите инволвирани во kриминал во институциите. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се повторат на Република Македонија и македонскиот народ, посочи Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This