(Видео) COЛЗИ И ТАГА: Граѓаните се евakyираат од ,,животот” кој го донесе Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Часот е 9 наутро. На автобуската станица во Гостивар, пегратки и coлзи. Се разделyвa брат од брат, а кога ќе се сретнат повторно, никој не знае. Коферите подготвени за Германија или некоја друга европска држава. Не е важно каде. Онаму, каде што ќе најдат работа. Роднините тешко ги поднесуваат разделбите со нивните најблиски, пренесува ТВ 21.

“На пат кон Хамбург“

“Среќен пат, не се грижи“

Автобусот на компанијата НАСИР ТУРС се сообраќа на редовната линија Охрид – Хамбург. Само за за ова патување продадени се 44 билети.

Откако се сместија на своите места, автобусот тргна на пат на печалба.

“Во Македонија работев во општина Бутел, но многу мала плата, за 12 илјади денари, многу малку е. Принyдeн сум да одам на печалба. Бев во Швајцарија во 1998, ова е втор пат да одам за Германија, знам малку германски јазик“, ни рече жител на Скопје.

Сунај и Хајруш не се познаваат, но ги обедини патот за на печалба. Велат дека одат со надеж дека животот ќе им се смени на подобро. Но, тешко им е што ја напуштаат татковината.

„За Германија, Берлин. Бев претходно, останав 2 месеца. Дојдов овде за 10 дена и повторно одам. Порано работев во градежништво и тука и таму. Имам стан, пријатели и семејство. Одам за подобар живот. Овде тешко“, рече Сунај Тахири од Скопје.

„Одам во Германија, Берлин. Имам семејство таму. Петти пат одам таму. Од Скопје сум. Овде работев но слабо, не стасува за живот затоа сакам да одам“, рече Хајруш Камбери од Скопје.

Автобусите секој ден превезуваат луѓе од Северна Македонија кон европските држави. Ако продолжи вака, нема да останат луѓе во земјава. Граѓаните заминуваат за подобар живот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This