(Видео) Eвe кaкo ce пpoнajдe mapихyaнaтa вo Арачиново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (7 и 8 12.2020) по добиени оперативни сознанија, а во координација со јавното обвинителство, презема мерки и активности за расчистување на кривичното дело разбојништво извршено ноќта 3/4.12.2020 во склад на правно лице лоциран во с.Јосифово, општина Валандово, при што се одземени близу два тони марихуана, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените.

За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази.

Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече Ангеловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This