(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил.

Корисниците на социјалните мрежи споделуваат слики на ракета неутрализирана од саудискиот систем за противвоздушна одбрана

https://twitter.com/Intel_Sky/status/1354024529513902080

Мохамед Калид ал-Јахја од телевизијата Ал Арабија на Твитер соопшти дека системот за противвоздушна одбрана запрел ракета насочена кон Ријад во 12.52 часот по локално време.

Од Саудиска Арабија немаше реакција веднаш, но телевизијата ги цитираше очевидците дека тие слушнале два силни удари и чад над главниот град. Корисниците на социјалните мрежи споделија и видеа од пресретнување на балистичка ракета.

Во саботата воената коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала и уништила „непријателска воздушна цел“ лансирана кон Ријад.

Јеменските сили, Хути често вршат прекугранични напади од 2015 година, кога коалициските сили интервенираа за да ја вратат владата на групата усогласена со Иран, исфрлена од власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This