March 28, 2024, 11:51 pm

(Видео) EKCKЛУЗИBHO: Бoки 13 oткpи штo што нocи во тopбата Луј Витон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски попознат под прекарот Боки 13 ексклузивно за Инфомакс отрки што однесе денеска во Основното јавно обвинителство.

Повеќе од 5 часа, Јовановски ги образложуваше неколкуте кривични пријави кои ги достави до ОЈО претпаднево. Од она што ни го откри неговиот адвокат е дека пријавите се против неколку високи државни претставници, но се однесуваат и на лекарски персонал.

Јовановски во обвинителството пристигна со полициско обезбедување, но и торба марка Луј Витон налик онаа која што е позната поради случајот „Рекет“.

На излегување од обвинителството екипата на Инфомакс, го запраша Јовановски што носи во својата торба, по што тој накратко тој одговри „докази, само докази“, притоа напоменувајќи колку тежи торбата која тој ја носи.

Неговото здравје е видно нарушено како што можете да забележите и од снимката, тој едвај се движи дури и со помош на бастум.

Готово е Зоки…

Види вака Зоки. Тоа што си го осудил Боки 13, Катица, мене и низа други кои ти ги знаат валканите тајни во ниту еден случај не значи дека ќе бидеш раат.Ја знаеш приказната со Чакаларов и чакаларовците? Ако не ја знаеш, да те упатам да ја дознаеш, но вака на кратко – кога на Чакаларов му ја исекле главата, Андартските војници се шетале со неговата глава низ Лерин и извикувале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“На ова, селаните одговориле – „Она што за тебе е мртва глава за нас е живо семе. И таа глава што ќе ја закопаш во некоја дупка ќе изрти како семе. И од тоа семе ќе израснат нови и нови јунаци.“.Е така Зоки, тоа што си го осудил Боки, Катица, мене не значи дека вистината нема да излезе на виделина. Чекам од тебе да ми се извиниш за лагите што ги кажа за мене, дека сум ширел лажни вести – лани во август, кога го напишав „Катиљ Ферманот“.Кај и да е, и други работи ќе се дознаат. А мене ме интересира нешто друго, кажи ми колку салта/колут напред ќе направиш сега од радост во твојот кабинет? 😉

Posted by Александар Митовски on Thursday, June 18, 2020

Претходно Јовановски директно ги посочи Зоран и Вице Заеви како луѓето кај кои завршиле рекетираните пари. На прашање на Инфомакс упатено до неговиот адвокат Сашо Дуковски дали против Заеви, Јовановски поднел кривична пријава тој потенцираше дека не може да открива повеќе детали иако не демантираше.

Претходно српскиoт медиум Курир објавуви ексклузивни детали за случајот „Рекет“.

Како што наведуваат, Боки 13 во полиција изјавил „Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“.

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

За крај логично се поставува прашањето дали доказите против Заев завршија во скопското обвинителство?

Боки 13 ексклузивно за Инфомакс открива што носи во торбата Луј Витон!

Боки 13 откри што однесе во Основното јавно обвинителство!

Posted by infomax.mk on Thursday, December 24, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This