(ВИДЕО) GOOGLE ВО СОРАБОТКА СО ИСТРАЖУВАЧИ: Направија мапа на поврзаноста во мозокот од мува со досега најголема резолуција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мапирањето е направено на само еден дел од мозокот на мува, но ова сепак се смета за голем успех.

Истражувачи од Google во соработка со за нас не толку познатиот Janelia Research Campus од американската сојузна држава Вирџинија, објавија дека успеале да направат мапирање на мозокот, односно на поврзаноста во него, со досега најголема резолуција која е успеано да се направи.

Причината поради која ова се смета за успех може да се види кога ќе се разгледаат бројките. Мапирањето е направено на околу четвртина од мозокот на мува, што значи дека се работи за толку сложен процес, што дури и тој помал мозок не се успева целосно да се мапира.

За споредба, мозокот на мувата има околу 100.000 неврони, додека човековиот мозок има повеќе од 80 милијарди.

Ова покажува дека мозокот генерално уште е нешто што науката има време додека успее целосно да го „дешифрира“ да го употребиме тој термин.

Мапирањето на мозокот се смета дека е нешто што ќе овозможи многу подобро да се открие неговата работа, односно секој поединечен дел. Со тоа ќе може да се откријат повеќе проблеми на мозокот, во крајна цел секако да се користи во медицината.

Мапирањето на дел од мозокот на мувата е направено со сечење на делови од мозокот на парчиња кои се доста тенки, повеќе пати потенки од човековото влакно за споредба. Потоа, на овие делови се пуштани електрони од микроскоп, по што се добива резултатот кој можете да го видите на видеото во продолжение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This