April 26, 2024, 10:10 pm

(Видео) „HAТO гo ocмиcли 6oм6apдиpaњeтo нa СРЈ вo лeтoтo 1998, eднa oд oпциитe бeшe и вojнa co Русија“, твpди пeнзиoниpaниoт гeнepaл Јован Милановиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ) НАТО го осмисли уште во летото 1998 година, а една од опциите предвидуваше и војна со Русија, преку Полска и балтичките земји, доколку Москва реши да ја брани СРЈ, тврди пензионираниот генерал Јован Милановиќ, кој како разузнавач на Војската на Југославија бил во Брисел од почетокот на 1995 до крајот на 1998 година.

Милановиќ во Брисел бил формално испратен со измислена биографија како цивилен дипломат, односно како советник за политички прашања во југословенската мисија во Европската Унија во Брисел, додека неговата вистинска задача била да собира информации и да спречи стратегиско изненадување од НАТО.

Во интервју за емисијата „Дозволете“ на РТС, Милановиќ рече дека во април 1998 година, кога почнале поинтензивните конфликти меѓу ВЈ и ОВК на Косово, државната секретарка на САД, Медлин Олбрајт, им соопштила на сојузниците на НАТО кои се целите на нападот врз СРЈ, а дека кон крајот на мај во Лисабон, на самитот на НАТО, било одлучено да се интензивира притисокот врз Белград.

„Разработен беше и метод на употреба на копнените сили, како и избор на поединечни цели за бомбардирање. Сето ова се случи летото 1998 година, кога светската јавност не можеше ни да претпостави дека се подготвува сериозна војна. Разработени беа три варијанти на напади врз СРЈ, се бараше правен модел, односно оправдување за војната во меѓународното право“, рече тој.

Милановиќ тврди дека планот за напад врз СРЈ бил усвоен на 3 август 1998 година и дека тој испратил таков извештај, во кој се споменуваат и интервенција, окупација на Косово и изолација на остатокот од Србија, но дека Белград не поверувал во тој извештај.

Тој додаде дека покрај планот „Криза југ“, кој предвидувал агресија врз Југославија, постоел и план „Криза север“, кој се однесувал на судир на НАТО со Русија, доколку таа земја се вмеша во одбрана на Југославија.

„Го информирав Белград кои документи ги имам… Проблемот беше што немав заверен потпис и печат на документите што ги носам со себе, односно дека станува збор за дипломатска пратка. Одлучив тие документи, тешки неколку килограми, да ги ставам во автомобилот и сам да ги донесам во Белград“, првпат во јавноста открива генералот Милановиќ.

Генералот додаде дека имал пет круга контакти во Брисел – односно врски од НАТО, од военото крило на Западноевропската унија, земјите од Партнерството за мир, странски амбасади и институти и организации како што е Собранието на НАТО.

„Благодарение на еден таков контакт со висок претставник на една пријателска земја, само неколку часа по одржаната седница на Советот на НАТО, дознав дека е донесена одлука да се бомбардира Република Српска. Добиената информација веднаш ја проследив до Белград“, рече Милановиќ и додаде дека така било спречено поголемо уништување на воените потенцијали на ВРС.

Иако НАТО немаше главна улога во нападот на Република Српска Краина, информациите и плановите постоеле, а Милановиќ тврди дека дошол и до нив.

„Веќе имав доста информации дека се ближи моментот на една катаклизма, која и се случи на 4 август 1995 година. Неколку дена претходно, имав целосно веродостојни информации дека тоа ќе се случи во следните неколку дена. Не знаев дека тоа ќе се случи на 4 август, но знаев дека тоа ќе се случи во следните неколку дена“, тврди Милановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This