(Видео) HAТO зaпoчнa гoлeмa вeжбa зa пpoтивpaкeтнa и пpoтиввoздyшнa oдбpaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северноатлантската алијанса денеска започна воени вежби за противракетна и противвоздушна одбрана, вклучително и откривање и следење на хиперсонични ракетни, а најголемиот дел од маневрите ќе се одржат крај бреговите на Шкотска и Норвешка. Ова денеска го соопшти прес-службата на НАТО.

„Најголемата и најсложена вежба за противвоздушна и противракетна одбрана „At Sea Demo/Formidable Shield”, започна во сабота (15 мај) заради тестирање на дејствијата на бродовите и авионите за одбрана од разни видови ракети”, соопшти прес-службата.

За време на маневрите, ќе се практикува откривање и следење на траекторијата на летот на субсонични, суперсонични и хиперсонични ракети „што летаат со брзина над 20.000 км на час”, соопштија претставниците на НАТО.

Бродовите и авионите ќе функционираат во режим на размена на тактички информации и координирање на акциите за уништување на ракетите. Вежбата ќе вклучува и испукување на одредени типови рачни ракети, но Алијансата не прецизира кои.

Во маневрите, кои ќе траат до 3 јуни, ќе учествуваат повеќе од 3.300 војници, 15 бродови и десетици авиони од 10 земји на НАТО. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This