(Видео) Haчeлeн дoгoвop помеѓу Заев и Ахмети – Пpoблeм cѐ yштe пpeтcтaвувa пpeмиep Албaнeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите за коалиција. Не е кажано ништо друго освен дека разговорите се одвиваат на добар пат.

ТВ21 од извори кои се вклучени директно во преговорите дознава дека СДСМ и ДУИ во принцип постигнале договор. Разлики има, но истите до крајот на разговорите ќе бидат усогласени.

Вчера „Канал 5“ извести дека „Договорен е премиер по принципот три години Заев, една Зибери“, но оваа вест беше демантирана од социјалдемократите. Меѓутоа, нивниот демант не го отфрли целосно прашањето за премиер Албанец, туку само принципот како Зибери ќе стане премиер.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина“, истакнаа од СДСМ.

Тоа подразбира дека СДСМ го демантира прашањето на моделот, но не и идејата за премиер Албанец. ТВ21 од свои извори дознава дека нема финален договор за премиер Албанец. „СДСМ не се откажува, а ДУИ инсистира“ – вели изворот. Но од друга страна се мисли и како да се промовира во јавноста прашањето на премиер Албанец доколку евентуално странките постигнат договор, вели изворот за ТВ21.

Истиот извор вели дека овие денови имало обиди од албански бизнисмен за да ги зближи ставовите меѓу Заев и Ахмети, но се дознава дека еден од претседателите не отишол на средба, а го испратил само потпретседателот на партијата.

Официјално, СДСМ и ДУИ тврдат дека продолжуваат консултациите, а и во соопштенијата кои ги испраќаат, пишува дека „ По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада“.

„Исто така, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од партиите.

На крај додаваат дека точни се само информациите во врска со разговорите кои произлегуваат од функционери на странките вклучени во преговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This