April 24, 2024, 11:11 am

(Видео) Heвepојaтeн фeнoмeн: Мecтo нa кoe yдиpa мoлњa нa двe ceкyнди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Молњата што ја произведува оваа бура е видлива од растојание од околу 400 километри и е толку сигурна што се користи за помош при навигација на бродови, а меѓу морнарите е позната и како Светилникот Маракаибо.

Сигурно сте слушнале дека молњата не удира на исто место двапати. Ако им го кажете тоа на луѓето во Венецуела, тие ќе ве одведат до устието на реката Кататумбо и ќе ви прикажат спектакуларно шоу што ќе го паметите цел живот.

Дури илјада пати на час, гром го погаѓа езерото Маракаибо во Венецуела. Таквиот феномен е познат под неколку различни имиња, како што се светилникот Маракаибо, молња на Кататумбо или „вечна бура“.

Во просек, има дури 260 бурни денови годишно – десет часа по ред, над местото каде реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо во Венецуела, се одвива спектакуларна глетка на небото: вечна бура – природно „светлосно шоу“ во кое молњи „удираат“ до 280 пати во само еден час.

Бурите го достигнуваат својот врв во октомври, кога во просек можат да се видат 28 молњи за една минута над Кататумба, а ноќното небо редовно се осветлува девет часа поради илјадните громови кои создаваат природна електрична енергија.

Молњата од Кататумбо е толку светла што може да се види дури и од растојание од 400 километри, па порано служела како навигација за морнарите. Она што е особено интересно е дека оваа бура е скоро нечујна.

Сè уште е непознато зошто се појавува ваков редовен природен феномен на овие простори. Една теорија сугерира дека јонизиран метан извира од реката Кататумбо и се среќава со облаците од бурата што доаѓаат од Андите, создавајќи совршена состојба за бура.

Релампаго дел Кататумбо се смета за најголем производител на озон во светот. Кога молња удира низ воздухот, произведува азотен оксид, кој сонцето го распаѓа и го претвора во озон. Молња од Катакумбо често се смета за обновувач на озонскиот слој на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This