(Видео) Heчовечно: Болните од Ковид во Институтот за ТБЦ ocтавени бeз вoдa и лeб, лекap нема ни за лek

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофални услови за пациентите кои лежат на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кој е пренаменет во Ковид центар поради преполните болнички капацитети во болниците ширум Македонија.

На социјалните мрежи вирално се шири видео снимено на Институтот од граѓанин кои со својот телефон снима како во попладневните часови во болницата нема ниту еден лекар, ниту медицинска сестра која може да им ја посвети потребната грижа на пациентите.

Видеото го снима граѓанин чиј роднина лежи на одделението, од утрината на пациентите роднините им донеле храна и вода, но досега истата не е доставена до пациентите. Граѓанинот потенцира дека на телефон не може да добие никого, а очигледно е дека таму во моментот на снимање нема здравствен персонал.

Претходно медиумите пишуваа дека животите на оние кои се хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза висат на конец и нема доволно кислородни боци

“Хигиената ни е на нула. Заштитните опреми ги штедиме ни велат дека нема доволно. Тешко им е и на пацинетите, условите се лоши за нас за нив се уште полоши. Апарати за кислород имаме многу малку, а пацинети има многу повеќе на кои што ќе им биде потребна. Раководствто си крева раменици за тоа како да постапиме ни велат да се снаоѓаме сами. Ние се плашиме многу.” – посведочи еден од вработените на клиниката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This