(Видео) He ли им плaчaт дeцaтa нa 500 oпoзициoнepи co kpивични пpиjaви и cтoтинa кoи ce вo пpитвop?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на „Инфомакс“, „Неделен Брифинг“ со Сотир Костов каде гостуваше претседателот на Достоинство, Стојанче Ангеловски, уредникот Александар Митовски го коментираше најавеното помирување од Зоран Заев и спласнување на страстите во државата.

Митовски напомена дека Стојанче Ангелов од една страна го оправдува политичкото делување на Зоран Заев и неговиот поглед кон иднината, додека го осудува истиот тој поглед кој што го имал ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година.

– „Сега господине Ангелов сте контрадикторен, бидејќи од една страна го оправдувате политичкото делување на Зоран Заев и неговиот поглед кон иднината, кој бил нели интегративен за сите заедно, но го осудувате истиот тој поглед кој што го имал ВМРО-ДПМНЕ во 2013 г. Можеби и тогаш Никола Груевски имал идеја за интеграција на сите граѓани да бидат еднакви пред законот и пред државата, можеби и тогаш господинот Груевски или ВМРО-ДПМНЕ сакал да направи едно големо помирување и да направил дела“. – коментира Митовски.

Митовски напомена дека во време на власт од страна на СДСМ и Зоран Заев имаме по 400-500 кривични пријави од кои стотина луѓе се во притвор. Митовски исто така надополни дека, дали апсење на луѓе и истите тие да завршат во притвор е патот за помирување на македонскиот народ.

– „Еве кажете ми вие, на почетокот од емисијата спомнавте дека треба ние да се помириме, да се смири ситуацијата меѓу нас македонците. Кажете ми вие мене како ќе се смири ситуацијата кога во време на власт на СДСМ на господинот Зоран Заев, имаме 400-500 кривични пријави против членови на опозицијата. Од тие 400-500 кривични пријави имаме стотина луѓе во притвор. Тие нели имаат семејства?! Господинот Заев мене ми се жалеше во Собрание на мое поставено прашање, реагираше вака како вас бурно, ми се жалеше дека децата дома му плачеле. На овие 400 луѓе што имаат кривични пријави, децата дома не им плачат? Апсење на луѓе и ставање во притвор и тоа е помирување?“ – прашува Митовски.

Каде се „украдените“ 5 милијарди евра запраша Митовски потенцирајќи дека нема докази за украдени 5 денари, а не пак за толкава сума на пари.

– „Кажете ми од тие пет милијарди евра кои што наводно биле извадени од Република Македонија, кои што тврдеше во 2015-2016 г. господинот Заев и СДСМ дали докажаа и дали најдоа докази за пет евра од тие пет милијарди кои што наводно беа извадени? Како ќе се помириме кога Зоран Заев во 2015-2016 г. тврдеше дека Смилковско Езеро е организирано од ВМРО-ДПМНЕ и од структури на власта и дека за тоа ќе извадел бомби? Каде се бомбите, дополнително на тоа што материјалите што биле обезбедени, самата Фатиме Фетаи рече дека немаат врска со организација на Смилковско Езеро. И како планирате еве да се помириме ние македонците меѓу себе?! Еве ние сме тука во ова студио, имаме осуденици поради тоа што сме кажале мислење, збор, став, поставиле незгодно прашање.. сме објавиле незгоден текст.. тоа е помирување на македонскиот народ?“ – истакна Митовски.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This