(Видео) HE HAСЕДНУВАЈТЕ: Лaжни наградни игри се шиpaт на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крими*ални групи преку лажни наградни игри на Фејсбук собираат лични податоци од македонските граѓани. МВР информираше дека изминатиот период биле регистрирани зголемен број на вакви случаи. Повеќе граѓани пријавиле во полиција дека на социјалните мрежи им била побарана лична карта за да можат да ја добијат не постоечката награда, најчесто мобилни телефони или вредносни ваучери. Претходно криминалците отворале лажни фејсбук профили и злоупотребувале имиња и логоа на познати македонски компании. Пораките за лажните наградни игри ги испраќале на македонски јазик.

-Најчесто овие профили се отвораат во други држави и затоа МВР соработува со полициските организации во расчистувањето на овие случаи, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на лажните наградни игри и да бидат внимателни со давањето лични податоци за да не бидат злоупотребени.

-Во оваа конкретна ситуација, апелираме граѓаните, да се осигураат за веродостојноста на наградната игра, затоа што нивните лични податоци може да бидат искористени при извршување на други видови кривични дела, и на тој начин да бидат соочени со несакани негативни последици, додаде Ангеловски.

Во меѓувреме од МВР информираат дека работат на сузбивање на ваквите злоупотреби и откривање на сторителите. Иако фејсбук профилите се отворани во странство, не се испкучува во криминалните групи да се вклучени и македонски државјани. Најчесто лажните профили биле активни само неколку дена, а потоа ги бришеле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This