(ВИДЕО) HONOR ГИ ПРЕТСТАВИ НОВИТЕ СМАРТФОНИ V30 И V30 PRO: Cи го нaјдoа мecтoтo во импресивната понуда на овој бренд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Honor ги претстави двата нови смартфони кои си го најдоа местото во импресивната понуда на овој бренд кога станува збор за горниот среден сегмент.

V30 Pro има 6,57-инчен дисплеј со резолуција од 1080p и два отвори како оние на Samsung Galaxy S10 Plus во кои се сместени главната селфи камера од 32 MP и камерата со широк агол од 8 MP.

Уредот го напојува батерија од 4.100 mAh која поддржува полнење до 40 W и се полни од 0 до 70% за 30 минути.

Смартфонот поддржува и бeзжичнo пoлнeњe со мoќнocт од 27 W при што батеријата ќе се наполни до 52% за половина час.

Покрај тоа, V30 Pro го користи процесорот Kini 990 5G на Huawei со интегрирана поврзливост, додека V30 има стандарден процесор Kirin 990 и посебен модем Barrong 5000 5G.

Уште една разлика е тоа што Pro има задна камера со широк агол од 12 MP, додека V30 има сензор од 8 MP.

И во двата случаи назад има главна камера од 40 MP, како и телефото камера од 8 MP. И V30 има подеднакво мoќнa селфи камера како и моделот Pro.

V30 Pro со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија чини околу 550 долари, а цената на верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија изнесува 600 долари.

Моделот V30 со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија се продава за 370 долари, додека верзијата со 8 GB RAM и 128 GB чини 525 долари.

Засега не е познато дали смартфоните ќе се продаваат надвор од Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This