March 29, 2024, 10:25 am

(Видео) Kaтacтpoфa: Уcтaвнoтo име наместо пpидaвкaтa „македонски“ ќе ce кopиcти вo зaпиcницитe oд Meшoвитaтa кoмиcиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставното име „Република Северна Македонија“, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на Мешовитата макеонско-бугарска комисија. Ова е компромисот кој бил постигнат во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од Мешовитата комисија, објави Сител. 

Високи извори од македонскиот дел од комисијата за Сител рекле дека договорот се состои во тоа што придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, додека во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава, односно имињата кои произлегуваат од него.

Па така, наместо македонски, да се употребува „на Република Северна Македонија“.

Договор наводно имало и околу името на самата комисија, односно, во записниците нема да има повеќе македонска страна и бугарска страна, туку во записниците ќе стои Комисија на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија во зависност на што се однесува.

Извoр: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This