(Видео) Kapакачанов: Maкедонците добијa само добри работи од Бугарија, а за возврат прогонувaa Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија има јасно правило кое се однесува еднакво за сите и кон сите, а тоа е дека влез во Унијата без решавање на спорните билатерални прашања е невозможен, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красмир Каракачанов за БТВ.

– Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат, вели Каракачанов.
Според него, Владите во Македонија не создале услови за нормален развој на своите граѓани, туку само тензии во земјата.

– Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство, продолжи тој.
Според него, Бугарија јавно изјавила дека поддршката за ЕУ зависи од имплементацијата на договорот за добрососедство, кој беше потпишан пред три години. Овој договор не е спроведен и затоа влезот на Македонија во ЕУ ќе остане затворен, категорично тврди Каракачанов.

– Досега нашите пријатели во Македонија добиле само добри работи од Бугарија. Ние први ја признавме нивната независност. Речиси 30 години, кога Бугарија ќе направи нешто добро, не беше слушнат добар забор. Меѓутоа, кога го покренуваме прашањето за заедничката историја, дека има луѓе кои се поттиснати и се Бугари, кога ќе кажеме ‘Ние ве поддржуваме, а вие ги уништувате бугарските споменици, ја фалсификувате историјата, тогаш се појавува негодување“, коментира тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This