(Видео) Kapиера од национални пpeдавства: Македонија ќе ја бpaни човекот кој пушти невoopyжани хеликоптер во Радуша?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 12.08.2020, Македонија одбележа 19 години од една најжестоките битки за време на конфликтот во скопските села Радуша и Љуботен.

Битката кај Радуша е серија од вооружени судири помеѓу македонксите безбедносни сили (АРМ и МВР) и албанските терористи на ОНА во областа околу селото Радуша, во близина на границата со Косово. Првите судири се појавуваат кон крајот на месец јуни, а главната битка започнува во средината на август, 2001. Битката кај Радуша важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година. Нападот е извршен од страна на припадници на Косовскиот заштитен корпус, кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлија во Радуша, во содејство со локалните терористи и вооружениот народ.

Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на Република Македонија.

Во тој период на власт во Македонија е Владата за национален спас во која министер за одбрана е Владо Бучковски кој во овие моменти се актуелизира како преговарач со Бугарија овластен од Владата на Зоран Заев.

Според кажувањата на поранешниот шеф на обезбедување на покојниот претседател, Борис Трјаковски, Златко Кецковски за време на министерувањето на Бучковски е направено едно од најголемите предавства на македонската армија од страна на министерот. За време на жестоките судири кај Радуша на македонската армија наместо воздушна поддршка и се испратени хеликоптери без вооружување со што се ставаат во опасност животите на 100-тина припадници на македонските безбедносни сили.

-Бучковски беше министер за одбрана и во еден момент хеликоптерите полетаа од аеродром и стигнаа до Радуша, не дејствуваа затоа што ненаоружани беа. И не дејствуваа. Во истиот момент имате ситуација каде што нашите сили очекуваат воздушна поддршка бидејќи 1/10 е соодносот на терен. Тоа е една група на луѓе кои што херојски ја завршија работата на Радуша. Тие сите до еден треба херои да ги прогласат. Хеликоптерите летаат невооружени. Во наредбата дадена од министерот за одбрана наредено е да полетаат невооружани, таква информација имавме ние. Дадена е наредба, но да не дејстуваат и затоа се невооружани. И терористите не дејствуваат врз нив.

Како што се гледа на видеото подоле македонски хеликоптери не дејствуваат на терористите, бидејќи како што тврди Кецковски истите биле невооружани.

Воена историја

На 09. 08. 2001 г. во Радуша имало многу терористи, односно од Косово се подготвувале да го освојат скопското село Радуша. Превземена била жестока операција на македонските специјални сили во координација со воздухопловните сили. Операцијата започна во ноќта на 9 август, во која учествувале авионите ,,Су-25“, хеликоптерите ,,Ми-24“ и хеликоптерите ,,Ми-8МТ“. Според официјалните бројки, сите воздухоплови биле пилотирани од македонски екипажи. За прв пат, бомбите ,,ФАБ-250“ биле користени за да бидат совладани копнените цели. Во реонот на Радуша, терористите успеале да заробат еден тенк ,,Т-55“ на АРМ. Тенкот подоцна бил уништен со дејство на хеликоптерите ,,Ми-24“ со противоклопни наведувани ракети ,,9К113 Штурм“. Битката за Радуша завршува на 12 август 2001 година. Според официјалните информации на Министерството за одбрана на Република Македонија, во битките за Радуша, албанските терористи биле целосно поразени, со тоа што изгубиле над 650 припадници. Борбите кај Радушa се последните борби во текот на вооружениот конфликт.На видеото: Хеликоптерот “Ми-24“ при налет кон с.Радуша, Скопје, во текот на операцијата за чистење на теренот од терористите.

Posted by Македонско ВВ и ПВО, Хеликоптерска единица на МВР on Monday, February 10, 2020

На видеото подоле кое е дел од архивата на Македонската телевизија се гледа авионите делуваат за разлика од хеликоптерите кое што е уште една потврда за она што го вели Златко Кецковски.

Дејство на „Сухоите Су-25“ во битката за Радуша

Во видеото е прикажано првото дејствување на борбените авиони „Сухои Су-25“ во битката за Радуша. Ракетите беа исфрлени од Водно и многу прецизно ја завршија работата. Со дејството на Сухоите, офанзивата на терористите од КЗК (Косовски заштитен корпус) и ОНА беше прекината, и веднаш после огромните загуби се повлекуваат, по што заврши битката за Радуша.Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во советската војна во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.Во пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ. Истовремено, од формацијата на АРМ „исчезнаа“ и четири борбени хеликоптери „ми-24“. Оттогаш четирите борбени авиони почиваат на стојалиште во касарната „Страшо Пинџур“ до скопскиот аеродром.Последниот официјален став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите на одбраната, ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. „Сухоите“ не постојат во списоците на опрема на АРМ.Во декември 2011 година заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев, изјави дека постоеле размислувања „сухоите“ да бидат модернизирани и да се вратат во употреба како дел од Балканската регионална иницијатива за обезбедување на воздушниот простор (БРААД) преку која НАТО сака земјите од регионот да ги вклучи во единствен систем за набљудување и патролирање на небото, компатибилен со тој на алијансата. Но, досега Министерството за одбрана не донесе таква одлука.Воени извори велат дека не е невозможно авионите да се доведат во состојба за оперативна употреба, но нагласуваат дека тие веќе девет години стојат на сонце и на ветер на воениот аеродром, а „ресурсите им се одамна истечени“, односно голем дел од системот го поминал животниот век, што е проблем и кај леталата што АРМ активно ги употребува. Модернизацијата на „сухоите“ е уште поскап проект. Згора на сè, во меѓувреме е намален и бројот на пилоти оспособени за лет со ваков вид воздухоплов.Досега се разгледуваа неколку варијанти за судбината на авионите. Набргу откако беа прогласени за вишок, првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набрзо отпадна. Се разгледуваше можноста да ~ се вратат на Украина во замена за транспортен авион „ТУ-74“ или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но, ни оваа опција до денес не се реализира.Во преговори со западни сојузници една од варијантите беше „сухоите“ да ~ се дадат како донација на трета земја од партнерските држави, а АРМ да добие донација транспортен авион од западен сојузник.http://think.mk/pregled/dokolku-izbie-vojna-makedonija-kje-se-brani-so-zastareno-oruzhje-bidejkji-avionite-skapuvaat-vo-hangarite

Posted by Македонски Бранители on Thursday, August 18, 2016

За национално предавство Бучковски го обвинува и Јанко Бачев, актуелниот претседател на Единствена Македонија и поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Баџев во весникот „Шпиц“ пишува „За Карпалак е виновен Бучковски. Според неговите пишува Службата за државна безбедност  знаела кај месноста нарекувана „Карпалак“ е сконцентриран поголем број терористи и оти се спрема заседа за припадниците на македонските безбедносни служби

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Вчера Инфомакс со јавноста ги сподели скандалозните ставови на Бучковски изнесени за една бугарска телевизија.

Екс премиерот на Македонија и официјален преговарач со Бугарија назначен од Владата на Зоран Заев продолжува да ги шири скандалозните тези на премиерот во Бугарските медиуми. Владо Бучковски во интервју за бугарска телевизија вели дека Македонците постојат од 44-та, а Бугарите дека се постар народ и нација од Македонците. Според него Македонците и Бугарите говорат ист јазик.

– Според мое мислење ако се тргне од Договорот со Бугарија, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт, но тврдењето дека ние всушност сме еден народ во две држави во овој момент во Република Македонија ако се тера таа теза ќе направи повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои што не се мнозинството. Од 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот.

Бучковски беше обвинет и осуден на 2 години затвор за воено профитерство, односно дека набавил непотребно големи количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година со што ја оштетил државата за 2,5 милиони евра. Сепак Бучковски не помина ниту ден во затвор.

На поранешниот премиер Владо Бучковски минатата година му застаре делото во предметот „Тенковски делови“, кој почна во 2007 година и во тек беше третото судење за случајот.

И сега очекувате од човек кој бил воен профитер за време на конфликтот во 2001, ја оставил македонската армија без воздушна поддршка да преговара во интерес на македонските национални интереси во 2020 година? Мало сутра!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This