(Видео) Koгa cи близoк дo влacтa, лecно e: Штипjaнeцoт пoвтopнo “дивee“ – вoзи co 300 нa чac и ce фaли бeз дa бидe kaзнeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Јордев, познат како Горан Гурла е бизнисмен од Штип близок до власта, кој во изминатите години доби огромни бенифиции за време на владеењето на СДСМ. Но, освен бизнисот и блискоста со власта, Јордев ужива да вози со огромни брзини со своето Порше и да се заканува на социјалните мрежи, пишува ЛИДЕР.

Самиот штипјанец на социјалните мрежи постави видео на кое се гледа дека со своето Порше вози 320 на час. Денеска излезе ново видео каде се гледа тој како вози повеќе од 300 на час.

Ова претставува прекршок за кој според македонското законодавство се одзема возачката дозвола.

-Освен тоа, овој штипски бизнисмен добива пари од Фонд за иновации и гради трговски во Штип. Останува да видиме дали законите ќе важат и за него и дали за ова ќе му се одземе возачката дозвола. Од информаициите до кои успеа да дојде нашата редакција, Горан Јордев е близок и со власта, објави ЛИДЕР.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Извор: lider.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This