(Видео) Koмити во екcтaзa по пoбeдaтa на Вapдap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најверните вардарови навивачи Комитите збеснаа од радост на голот на Матеј Цветановски со кој Вардар го победи својот најлут градски ривал Шкупи во денешното дерби од петтото коло во Првата лига, па црвено-црните навивачи пред Националната Арена и тоа како знаеа да прослават, кога веќе не може да влезат на стадионот.

Иако од почетокот на сезоната, бараат пристап на трибината, макар и со држење на дистанца, засега, Комити навиваат од пред стадионот, а традиционална база им е кафаната кај Вршац пред јужната трибина, каде стотината најверни вардарови навивачи го следеа мечот и навиваа од надвор за својот тим, па на крај и се израдуваа на победата над најлутиот ривал.

Вардар го победи Шкупи со 1-0 за втора сезонска победа со која црвено-црните фатија приклучок со врвот на табелата и лидерот Шкендија сега бега само четири бода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This