(Видео) KOPOHABИРУСОТ Е ОФAHЗИВНО БИОЛОШKO OPУЖJE-ТВРДИ АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИК: Исто како eбoлaтa, зикa, лajмова болecт, ова протекување не е прво, ситуацијата е cepиозна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Френсис Бојл стана познат за светската јавност откако уште на самиот почеток на епидемијата на коронавирусот во Кина посочи дека се работи за биолошко оружје. Тој е почитуван доктор на науки кој работел на легислативата за биолошко оружје во САД, а во своето детално говореше за новиот коронавируст кој според него е биолошко оружје, а Светската здравствена организација (СЗО) веќе е запознаена со овој факт.

Она што е интересно е што претседателот на САД, Доналд Трамп редовно говори за коронавирусот како кинески вирус за што беше жестоко критикуван од јавноста во Америка. Откако оваа тема беше начната од новинарите на пресконференција на американскиот претседател тој посочи дека луѓето треба да знаат од каде доаѓа изворот, притоа потенцирајќи дека кинеските власт ја обвинуваат САД дека е виновна за пандемијата на коронавирусот.

Бојл во најновото свое интервју во прилог на тоа дека коронавирусот е биолошко оружје го споменува советникот на кандидатот за претседал на Демократите, Џо Бајден, Рон Клејн кој своевремено работел за Обама и го советувал поранешниот претседател на САД за ебола иако немал никакви квалификации од областа на јавното здравје.

Она што одлично го спровел Клејн вели Бојл е да сокрие дека епидемијата на ебола во Западна Африка потекнува од експериментална вакцина за ебола на УСАИД и Си-Ди-Си ( CDC американскиот центар за контрола на заразни болести), односно нивната БСЛ 4 (биосигурносно ниво 4) лабараторија, лабараторија за биолошко оружје во Сиера Леоне, а притоа биле вмешана лабараторијата во Форт Дитрих и Харвард, МИТ.

Со вакцината потенцира Бојл во која се наоѓал жив ебола вирус е започната епидемијата, а откако беа фатени американските власти признале дека тоа се случило, но се правдале дека станувало збор за грешка, а според докторот станувало збор за намерно предизвикана епидемија. Советникот на Бајден и дел од администрациајта на Обама бил одговорен за операцијата, вели тој.

Целиот свет треба да сфати дека коронавирусот е нацистичко, офанзивно биолошко оружје, жал ми е да кажам дека ние цивилите ќе можеме да се справиме со ова, додава научникот.

Мислам дека станува збор за несреќен случај, коронавирусот немам сомнеж дека требало да биде искористен против САД, но мислам дека протекол несакајќи. Да не заборавиме дека имаме примери и во минатото кога протекувале работи од овие кинески лабаратории за биолошко оружје, вели докторот.

Меѓудругото тој вели дека биолошки оружја протекле и од други лабаратории како таа во САД, Форт Дитрих.

Како примери за биолошко оружје тој ја спомена и западно нилската треска која протекла од американска лабараторија, лајмовата болест, зика вирусот кој намерно бил произведен, а Бил Гејтс бил вмешан во случајот.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс уште во 2018 година „предвидел“ дека нова болест може да убие 30 милиони луѓе за шест месеци, додека неговата фондација објави симулација за епидемија која започнува во Кина, која во моментов се соочува со „тешка ситуација“ и се обидува да се справи со смртоносниот коронавирус.

Во извештајот во декември 2018 година, „Бизнис инсајдер“ го цитираше Гејтс дека светот не е подготвен за пандемии во услови на зголемување на популацијата и деградацијата на животната средина.

Тој како пример посочи терористичка организација со можност да создадесмртоносна форма на сипаници во лабораториска околина.

Осврнувајќи се на фактот дека луѓето имаат можност да патуваат низ целиот свет за неколку часови во нашево време, Гејтс рече дека ново појавување на коронавирус како САРС може да убие околу 30 милиони луѓе за шест месеци, пренесува Бизнис Инсајдер.

Погледнете што вели Гејтс за преголемата популација во светот.

Френсис Бојл е професор по меѓународно право на Универзитетот во Илиноис. Тој го подготвувал домашното законодавство на САД за спроведување на Конвенцијата за биолошко оружје, позната како Анти-тероризам акт за биолошко оружје од 1989 година, легислатива одобрена едногласно и од двата домови на американскиот Конгрес беше преточена во закон од страна на претседателот Џорџ Х.В. Буш постариот.

Во ексклузивно интервју дадено за Геополитика и империја, д-р Бојл разговара за појавата на коронавирусот во Вухан, Кина и лабораторијата со биосигурносно Ниво 4 (БСЛ-4) од која тој верува дека заразна болест побегнала. Тој верува дека вирусот е потенцијално смртоноснно биолошко оружје, генетски модифициран со нови како што вели тој функции, поради што кинеската влада првично се обиде да го прикрие и сега презема драстични мерки за да го спречи. Лабораторијата Вухан БСЛ-4 е исто така специјално назначена лабораторија за истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и д-р Бојл тврди дека СЗО добро знае што се случува.

Д-р Бојл, исто така, се осврнува на ексклузивниот извештај на GreatGameIndia, Coronavirus Bioweapon – каде детално се говори за тоа како кинеските агенти кои работеле во канадската лабораторија во Винипег биле вклучени во шверцот на Коронавирус во лабораторијата на Вухан од каде се верува дека побегнала заразата.

Видеото од Бојл е отсрането од Јутуб, но можете да го погледнете на следниве линкови. Зошто видеото е отстрането проценете сами!

Линк 1 Линк 2

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This