(Видео) Maкeдониja има со што да се гopдee: Maкедонските „Boлци“ добиja пpoмо видeo oд HAТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“.

– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Северна Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ.

„Имињата и ликовите на офицерите се прикриени од безбедносни причини“, наведува НАТО во синопсисот за видеото, во кое зборува и офицер на Специјалните сили на Армијата на САД.

– Придобивката од извежбување и интегрирање на сили за специјални операции од повеќе земји во ваква вежба е тоа што составува сценарио во кое можеме да извежбуваме колективна одбрана. Доколку некогаш мораме да споиме заедно различни сојузнички сили, нема да биде прв пат како минуваме низ сите системи и процеси кои би морале да ги примениме за да спроведеме операции во мултинационална средина. Ова е извонредна можност не само да ги поврземе межународните сили со американски партнери (единици, н.з.), туку и да ги поврземе меѓусебе, како и со партнерските земји, и да видиме како решаваат проблеми и работат заедно, вели офицер на американските Специјални сили, „зелени беретки“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This