(Видео) Macoвни пpoтecти вo Израел пpoтив кopoнa-мepкитe: Лeтaa кaмeњa, yлицитe ce 6лokиpaни, полицијата кopиcтeлa вoдeни тoпoви зa дa ги pacтepa дeмoнcтpaнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гневот поради воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот во Израел се излеа на улиците. Во Ерусалим имаше судири меѓу незадоволните граѓани и полицијата, летаа камења, а улиците беа блокирани.

Демонстрантите во Ерусалим ги гаѓаа возилата во движење со камења и ги блокираа улиците со контејнери за ѓубре за време на немирите во вторникот, објавија локалните медиуми. Се тврди дека полицијата користела водени топови за да ги растера демонстрантите, а неколкумина се уапсени.

Слични немири се пријавени и во други израелски градови. Стотици демонстранти во Бет Шемеш фрлале камења и јајца кон полицијата, што резултирало со апсење на три лица.

Во Израел е на сила за третото затворање на национално ниво. Мерката важи до недела, но владата сè уште нема објавено план за постепено укинување. Здравствените власти предупредија дека мерките за ублажување можат да бидат бавен процес поради новите видови на вирусот кои се шират низ Израел, пренесува РТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This