April 24, 2024, 10:03 am

(Видео) Macoвнa пoлициcкa akциja вo Австралија: Уaпceни пoвeќe oд 200 лицa aнгaжиpaни вo opaнизиpaнa kpиминaлнa гpyпa – ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиската полиција уапси повеќе од 200 лица ангажирани во организирана криминална група откако провалиле во шифрирана компјутерска апликација.

Апликацијата содржеше скоро 25 милиони пораки за трговија со дрога, заговори и подготовки за убиства, соопштија денес австралиските власти.

Во официјалното соопштение се наведува дека станува збор за заедничка акција на австралиската полиција и американскиот ФБИ, која започнала во 2018 година и во која биле доведени криминалци од Австралија, Азија, Јужна Америка и Блискиот исток, сите вклучени во глобалната трговија со дрога, пренесува Ројтерс.

“Му зададовме тежок удар на организираниот криминал, што го почувствуваа криминалните организации ширум светот. Ова е пресвртна точка во историјата на спроведувањето на законот во Австралија”, рече австралискиот премиер Скот Морисон.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This