(Видео) Oд ваквите cи пaтиme: Koга „Љубчо“ говopeшe дeкa cмe пoтoмци нa Aлeкcaндap Maкедонски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како од антички Македонец Љупчо Георгиевски се претвори во најгласниот бугарофил во Македонија? Како од премиер,  патриот  во очите на јавноста стана предавник на македонскиот народ и државата која ја предводеше.

Овие прашања се наметнуваат по неговите ставови околу проблемот со Бугарија и Грција и споредбата со ставовите кои Георгиевски ги имаше на почетокот на 90-тите кога се осамостојуваше Македонија.

-Европа нема да дозволи агресија врз Македонија од било која друга држава бидејќи војната со Македонија би била Балканска војна. Македонија беше поделена 1912 година . Ако Македонија беше центар на случувањата, центар од кој излегуваат идеите, центар од каде поминуваа војските, центар веќе 2 илјади години. Ние сакаме да го повикаме Балканот, ние сакаме да ја повикаме Европа дека Балканот и Европа ќе се обединуваат во Македонија. Оваа Македонија постои повеќе од 2 илјади години. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски. Тргна една култура која постои во цела Европа и Азија. Од македонската земја тргнаа идеите на целиот Хеленистички свет. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека во Македонија првиот апостол христијански Павле стигна и ја рашири верата. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека првата христијанска црква е во Европа е во Македонија. Сакаме да го потсетиме Македонецот сe роди богомилско движење кое ја растресе цела Европа. Токму во оваа Македонија се родија Кирил и Методиј кои го описменија целиот словенски свет. Оваа Македонија беше една од најбогатите Турски провинции, велеше Љупчо Георгиевски во 1990 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This