(Видео) Ocлoбoдeнa eкипaтa нa Инфoмaкc вo Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вечерта, екипата на Инфомакс во Прилеп беше нападната па веднаш потоа и приведена според добиена дојава пред штаб на политичка партија од власта.

Пред малку екипата на Инфомакс беше и ослободена од полициската станица, каде што новинарот Милош Милошевски детално ја објаснува целата ситуација како се одвивала.

„Добро вечер драги гледачи. Екипата на Инфомакс се уште е во Прилеп. Предмалку бевме приведени во населба Дрисла. Бевме приведени на само неколку метри од штабот на една политичка партија кој што се уште беше отворен, а пред него се имаше насобрано голема група на граѓани. Ние добивме дојава дека пред политичкиот штаб на политичка партија од власта, била насобрана поголема група на граѓани, се делел подкуп, се агитирало, тој штаб спротивно на законите бил сеуште отворен, односно спротивно на изборниот молк и се решивме заедно со екипата да се упатиме кон штабот“. – истакна Милошевски.

„На самиот почеток, на само неколку метри од штабот, бевме сопрени од страна на полицијата без никакво објаснување освен тоа дека имало пријава против нас. Ниту знаеме каква била пријавата, ниту знаеме за што била пријавата. Знаете дека во тој момент кога бевме сопрени од страна на полицијата, екипата на Инфомакс беше и нападната од групата на граѓани која што беше насобрана пред штабот, но за среќа полицијата интервенираше, беше спречен инцидент“. – вели Милошевски.

„Инфомакс не се предава. Инфомакс и понатаму ќе следи се што се случува во Прилеп, а и во Македонија. Нема да дозволиме да ви биде украден вашиот глас. Ние ќе бидеме тука во Прилеп вечерва, ќе продолжиме да возиме по улиците и по секоја дојава од граѓани ние ќе одиме на лице место, ќе се вклучиме во живо и ќе снимине што се случува“. – потенцираше Милошевски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This