(Видео) Opдановски најавува федepaлизација? – За омилениот новинар на 3aeв, нemaло ништо спopно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини дека барањата и најавите за федерализација на државата од албанските политичари, стивнаа во изминативе неколку години, прашањето кое што логично се поставува е дали постои некаков преќутен договор за федерализација или истата веќе се спроведува на големо во државата.

Она што е симптоматично е вчерашната изјава на омилениот новинар на Зоран Заев, човек кој ваши за најблиските до премиерот, Сашо Ордановски. Ордановски е човек кој што по пропаѓањето на 1 ТВ мудро се повелече од телевизиските екрани и беше во изолација подолг период.

Неговиот прв јавен настап по подолг период ги загреа страстите во Македонија откако ладнокрвно посочи дека нема никаков проблем со федерализацијата на државата говорејќи за престојниот попис на населението.

Пописот и федерлизацијата токму тој за прв пат ги стави во една реченица.

-Што има лошо во федерализација ако граѓаните сакаат федерализација. Не знам дали сме на прагот на федерализација, но ако сакаат граѓаните…Федерализацијата е предвидено како се спроведува во нашиот правен систем, вели тој.

https://www.facebook.com/zoran.risteski.754/videos/10221768400071964

Останува да видиме што ќе се случува понатаму, но навистина е загрижувачка тезата која што ја промовира еден од најблиските луѓе до Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This