(Видео) Pacиcтички нaпaд вo Њујорк: Гaзeл Азиeц пo глaвaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нападот, за кој постои сомневање дека има расистичко потекло, се случил во Њујорк, кога 61-годишниот Азиец бил нападнат од човек кој неколку пати го удрил со нога по главата, објави полицијата.

Човекот собирал лименки во Источен Харлем кога бил нападнат од позади, соборен на земја со клоци и газен по главата во. Тој е пренесен во болницата Харлем во критична, но стабилна состојба, соопштила полицијата, пренесува АП.

Видеото од надзорната камера објавено од полицијата покажува дека напаѓачот ја гази жртвата по главата.

Работна група на полициската администрација за злосторства од омраза го истражува нападот, последен во загрижувачки зголемениот број на антиазиски злосторства од омраза во Њујорк и низ целата земја.

Градоначалникот Бил де Блазио на Твитер го нарече нападот нечуен и рече дека сторителите ќе бидат фатени и казнети.

Полицијата не го објавила името на жртвата, но неколку медиуми го идентификувале човекот како Јао Пан Ма, поранешен работник во ресторан, кој ја изгубил работата поради пандемијата и собирал лименки за да преживее.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This