April 24, 2024, 10:07 pm

(Видео) Pacтe бpoјoт нa жpтви oд cтpaшнoтo нeвpeмe вo Виетнам: 3aгинaлe 19 лицa, иcчeзнaлe 64, вeтepoт нocи кpoвoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 19 лица загинале, 64 се исчезнати во централен Виетнам по ударот на Тајфунот Молаве, еден од најсилните во тој регион кој предизвикал свлечишта, а силниот ветар и дождовите ја прекинале струјата во регионот со 1,7 милиони жители.

Бројот на жртви би можел да биде поголем бидејќи се уште нема детали од другите региони погодени од тајфунот.

Виетнамските службеници велат дека тоа е најлошиот тајфун кој ја погодил земјата последните 20 години.

Спасувачите пронашле осум загинати утрово во селото Тра Ван на југот на централната провинција Кванг Нам, каде брдо се урнало над куќите, јавува виетнамската новинска агенција.

Властите подоцна соопштиле дека се пронајдени 15 тела, а има уште 38 исчезнати во две села во тешко погодената провинција Кванг Нам.

Виетнамските власти ангажирале стотина војници и тешка механизација во потрага по преживеани.

Како што пренела државната телевизија, денес биле пронајдени тела на 12 рибари чии чамци потонале обидувајќи де се да се вратат на брегот два дена порано.

Најмалку 40.000 луѓе се евакуирани во скривници за итни случаи, а властите ги затвориле канцелариите, фабриките и училиштата за да спречат нови жртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This