- Advertisement -
Вкусен ручек готов за 20 минути!
СОСТОЈКИ:
300 гр пилешки џигер, 2 лажици бело брашно, 3 лажици презл, гранули лук, сол, бибер, 2 јајца, масло.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Џигерот посолете го, додајте гранули лук, бибер, па измешајте. Извалкајте во брашно, обилно потопете во разматени посолени јајца, а потоа извалкајте во презла.
Пржете во длабоко масло да порумени од двете страни. Вадете на хартиена салфета, па сервирајте со варени компири.
Добар апетит!