(Видео) Taравари: Од 80 општини ВМРО, Алијанса и Алтернатива ќе освојат повеќе од 50 општини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, зборуваше за можна коалиција на Алијансата на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во Македонија. Тој потенцираше дека е логично да дојде до таква коалиција, и дека сериозно се размислува за тоа.

„Знаејќи СДСМ и ДУИ како ќе функционираат, како функционираа 2017, тогаш изгубивме ние, три општини зедовме, и ВМРО изгуби многу и тие три-четири општини земаа, не повеќе, сега треба евентуално, меѓутоа ќе биде тоа транспарентно, ако го направиме. Ете од сега јавно го кажувам, ако одлучиме да соработуваме, ќе седнеме и ќе кажеме пред граѓаните ние сме договорени, Алијанса, Алтернатива и ВМРО, и вака ќе излеземе на избори“, рече Таравари.

Таравари посочи дека овие избори не исклучуваат коалицирање со некоја турска партија, со некоја ромска партија, со некоја македонска партија, и дека според анализите, очекува да се воспостави соработка.

„Од 80 општини, ја ви гарантирам дека над 50 општини би ги земале овие три партии ако одат заедно, според анализите што ги правиме“, изјави Таравари.

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона Гостин:Арбен Тараавари

Posted by infomax.mk on Thursday, February 11, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This