April 26, 2024, 11:47 am

(Видео) Teлoтo нa mpтвиoт Чарли Чаплин било ykpaдeнo oд бугарин?: На Уна ѝ бapaлe 600.000 дoлapи зa дa гo вpaтaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот комичар Чарли Чаплин умре на Божиќ 1977 г. на 88 години. Веста за неговата смрт растажи многу негови фанови низ целиот свет, а исто така и настаните што следеа.

Три месеци по погребот некој го украл телото на славниот комичар од гробницата во Швајцарија.

Се испоставило дека телото било украдено од страна на Роман Вардаса и Ганчo Ганев, полски и бугарски автомеханичари, со цел да добиат пари од вдовицата на Чаплин, Уна О`Нил.

Прво, на Уна ѝ стигнало барање за откуп на телото. Сумата изнесувала 600.000 долари, а она што уценувачите не очекувале била нејзината реакција. Кога Уна слушнала колку бараат, рекла дека нејзиниот сопруг „би мислел дека нивното барање е смешно“.

Полицијата сакала да постави стапица за уценувачите при наводното плаќање на откупот, но крадците не се појавиле на договореното место. Била потребна нова тактика. Полицајците почнале да го прислушкуваат телефонот на Уна, и биле надгледувани околу 200 телефонски говорници во близина на куќата на Уна.

Истрагата траела пет недели и конечно дала резултати. Во големата полициска акција, полицијата успеала да ги уапси крадците и да го пронајде ковчегот со телото на глумецот. Криминалците го закопале ковчегот на поле во близината на семејната куќа на Чаплин во Корсиер.

Единаесет недели по кражбата, телото било вратено во гробницата во близината на Женевското Езеро во Швајцарија.

Овој пат, сандакот бил ставен под слој дебел бетон за да се спречат и други кражби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This