(ВИДЕО) The Rock со божиќниот подарок прво ја расплакал мајка му па сите фанови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двејн Џонсон, легендарниот The Rock, уште еднаш покажал колку голем човек е кога објавил како ја изненадил мајка му на Божик.
Кога видела за што станува збор, мајка му на Двејн не можела да ги скрие солзите, а овој емотивен момент ги расплакал и неговите бројни фанови.
The Rock за Божик на мајка му и купил куќа, а објаснил и зошто тој подарок многу им значел и на двајцата.

„Ова е прекрасно чувство. Изненадување! На мајка ми за Божик и купив куќа. Додека растев секогаш живеевме во малечки станови и често се селевме. Живеевме како Цигани патувајќи од една до друга држава. Првиот вистински дом во кој моите родители живееа беше оној што им го купив во 1999. година. Кога се разведоа, работите станаа комплицирани. Секогаш се грижев моите мајка и татко да иамат се што им треба, но оваа куќа е навистина посебна. Мама може да избере која куќа ја сака каде и да ја посака“, објаснил емотивниот Двејн.

„Секогаш велам дека има шанси да станеш пристојно човечко битие ако имаш добра мајка. И некаде, патем, имав доволно среќа да можам да направам вакви работи за неа. Среќен Божик мамо, и уживај во својот нов дом“, додал Двејн Џонсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This