(Видео) Toлкy oд идejaтa: Пapитe зa кapгo aepoдpoм вo Штип пpeнaмeнeти, нaд 35 милиoни eвpa ќe oдaт зa 75 oпштини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идејата за изградба на Карго аеродром во Штип дефинитивно станува историја. Откако Владата го усвои анексот на договор со ТАВ, средствата во висина од 49 милиони и 743 илјади евра кои беа предвидени за Карго аеродром ќе бидат пренаменети за инфраструктурни проекти низ целата држава. 75 општини ќе поделат над 35 милиони евра за изградба на водоводи, канализации, реконструкција на училишта и сл.

„Со 35 милиони евра од овие пари, почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови. Овие пари се за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните“, велат владините портпароли.

Нема економска оправданост да се гради Карго аеродром во Штип и поради тоа, истиот заминува во историјата. Ова беше истакнато неодамна од страна на Министерството за економија. Тогаш ресорниот министер, токму за овој проблем разговараше со првиот човек на ТАВ Македонија.

„Ние се сложуваме со оваа одлука на Владата и бидејќи ја сакаме Република Македонија и во наш бенефит е наместо да се вложат тие пари во изградба на Карго аеродром во Штип, кој не би имал толкав економски бенефит,  тие средства да се ре алоцираат  за изградба на објекти, кои ќе имаат бенефит за граѓаните“, изјави Алер Ерсој – директор на ТАВ Македонија.

Над еден милион евра како што беше посочено од Владата, ќе добијат поголем број општини. Меѓу нив беа посочени  општините Шуто Оризари, Тетово, Кичево, Штип, Чаир, Струмица, Струга. На градот Скопје ќе му бидат ставени на располагање над 6 милиони евра за два проекти-Клучката Момин Поток и мостот Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This