(Видео) Tpaгичнo: Бpoјoт на зaгинaти во yкpaинcкиoт aвиoн ce иcкaчи нa 25, двajцa ce бopaт зa живoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион во североисточната Харковска област порасна на 25, соопштија од Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител.

„Според прелиминарните информации, 25 лица загинале. Две се префрлени во болница во сериозна состојба“, наведе канцеларијата.

Според наводите на украинските служби за вонредни ситуации, 27 лица се наоѓале во авионот, а не 28 како што беше објавено претходно, пренесува ТАСС.

Видео линк може да погледнете тука.

Од канцеларијата наведуваат дека е покрената постапка поради обвинувањата за кршење на правилата за безбедност на лет и подготовки за лет, „кои довеле до катастрофа и други сериозни последици“.

Во меѓувреме, властите во Харковската област во Украина денеска прогласија Ден на жалост па поради падот на украинскиот авион Ан-16.

Во уредбата, објавен на сајтот на администрацијата, се наведува дека на Денот на жалоста националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на сите згради на државните власти, претпријатијата, агенциите и организациите и дека на нив ќе биде ставена лента во знак на тага.

Сите забавни и спортски натпревари би требало, според препораките да бидат откажани. Како што соопштија претходно, кадетите од Харковскиот универзитет за воздухопловни сили изведувале тренинг лет. На интернет се објавени снимки од местото на падот.

Видео линк може да погледнете тука.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека денеска ќе ја посети Харковската област, каде се урна воениот авион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This