Победничката на еден избор за убавина во Шри Ланка се здоби со повреди на главата откако на сцената дојде до конфликт за време на доделувањето на титулите.
Пушпика Де Дилва ја освои титулата за најубава госпоѓа во Шри Ланка, а свеченоста беше пренесувана на националната телевизија. Меѓутоа, неколку моменти подоцна добитничката на оваа титула од 2019 година, Каролин Јури, и ја одзеде круната на Де Силва, тврдејќи дека титулата не може да и биде доделена бидејќи таа била разведена.
https://www.facebook.com/pushpika.desilva.18/posts/246198313855658
Имено, правилата на изборот налагаат натпреварувачките да бидат венчани и дека не смеат да бидат разведени.„Постои правило кое спречува да се натпреваруваат жени кои се омажиле и развеле па токму затоа го правам овој чекор круната да ја добие второпласираната жена“, изјави Јури пред публиката во салата. Таа и ја одзема круната на победничката и ја стави на главата на второпласираната, а Де Силва во солзи ја напушти бината.
Подоцна таа на Фејсбук напиша дека морала да оди во болница поради повредите на главата кои настанале додека Јури и ја отстранувала круната од главата.