(ВИДЕО18+)ОВА СТАНУВА ЗАГРИЖУВАЧКИ: „Огнен предизвик“ се шири меѓу тинејџери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опасен предизвик се шири меѓу тинејџерите, па сите родители би требало ги демнат и следат своите деца.

Ужасна приказна раскажала мајката на 12 годишната Тимија Лендерс за Fox2 Детроит.

Имено, на Тимија и изгореле 49 отсто од телото откако прифатила предизвикот на Јутјуб, снимена е завиена во завои од глава до пети.

Тоа е предизвик кој ги повикува децата да се полеат со запалива течност, а потоа да се запалат.

Тимија и нејзините две другарки го направиле тоа во петокот минатата недела во нејзината ќука во Детроит откако нејзината мајка легнала да одмори претходно подготвувајќи им палачинки.

Ја разбудила силна експлозија и кога излегла од собата ја видела ќерка си како трча во ходникот и била во пламен од колената до косата – раскажала мајката за Фокс

Не им помогнал ниту тушот а изгорениците и биле толку сериозни што лекарите морале цела да ја завиткаат во гипс.

Лекувањето на девојчето кое е приклучено на апарати за дишење ќе трае со месеци а лекарите претпоставуваат дека Тимија се испрскала со дезодоранс и се запалила.

„Огениот предизвик“ на Јутјуб датира од 2012 година. Доденес има повеќе од 100 000 прегледи и е поттикнувач на многу тинејџери кои за да им докажат на пријателите дека се храбри прифаќаат секакви предизвици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This