(ВИДЕО):DISNEY ГО ПРЕТСТАВИ ПРВИОТ ЗАБАВЕН ПАРК ПОСВЕТЕН НА: „Star Wars“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку кратко видео во форма на трејлер, Disney го претстави првиот забавен парк посветен на филмската франшиза „Star Wars“, кој веќе од следното лето ќе биде на официјалната мапа на Дизниленд во САД.

Помеѓу главните атракции на забавниот парк ќе бидат возење со култниот Millenium Falcon, како и патување низ авантурите на Отпорот.

Од Disney велат дека забавниот парк кој го носи името Star Wars: Galaxy’s Edge е еден од најмабициозните проекти на компанијата и се надеваат дека нивната амбиција ќе донесе многу радост кај фановите на Дизниленд и „Star Wars“.

Двете досега најавени атракции се наречени Millenium Falcon: Smuggler’s Run и Star Wars: Rise of the Resistance, а од Disney исто така тврдат дека онаа втората е најголемата и највпечатлива атракција во Дизниленд досега.

Star Wars: Galaxy’s Edge ќе се појави во Дизниленд во Анахајм веќе наредното лето, а само два месеци подоцна ќе биде достапна и во Дизниленд во Флорида.
Извор:kajgana.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This