(Видео)KPИMИHAЛ СО ДИBИ ДEПOHИИ ВО СКОПЈЕ: Шилегов фpлa пари за вработување инcпeктopи, а дивaтa дeпoниja во Аеродром никoj нe ја чепка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ново вработување на инспектори и редари од страна на град Скопје не очекува од наредниот месец, 30 – тина нови плати кои треба да се двојат од буџетот, а ефект нула. Градот е позагаден од било кога, смет по улиците, загадувачи на секаде, а од пред месец дена и дива депонија во сред Аеродром.

Екипата на „Инфомакс“ неделава беше на местото кое требаше да биде парк, а сега е претворено во дива депонија, каде според кажувањето на жителите локален моќник наплаќа за истураање на градежен шут 400 денари од камион. Тоа што некогаш требало да биде парк, а сега е депонија, е оградено со ограда, а сметот се истура систематизирано на повеќе површини.

Според информациите на жителите на ден се истураат и по 100 – тина камиони градежн шут.

Шилегов и Марин вмешани во милионски бизнис

Ако направиме основна пресметка врз основа на бројот на камиони и ценната која се плаќа по камион, доаѓаме до сума од 40.000 денари на ден, односно 1.200.000 денари месечно, односно 14.200.000 денари годишно, кој еден локален моќник ги наплаќа за депонирање на градежен шут сред населено место, место кое според ДУП и ГУП е предвидено да биде зелена површина – парк.

Доколку се тргни по гласините на жителите, дека со депонијата управува локален моќник, доаѓаме дека непознато лице е вршител на кривично дело Узурпација на недвижности од чл.225 од КЗ, со кој со казна затвор до три години години ќе се казни секој оној што ќе заземе туѓа недвижност што со пропис е прогласена за имот во општа употреба.

Дополнително законските прекршување на застануваат тука, непознато лице исто така извршило и кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, кривично дело казниво согласно чл.230 од КЗ со казна затвор за сторителот од три месеци до три години.

Дивата депонија е активна повеќе од еден месец, секојдневно вистински конвои од камиони со градежен шут истураат шут на местото, а никој од надлежните не реагира. Нема реакција од општина Аеродром и Златко Марин, Петре Шилегов и град Скопје, Министерството за животна средина, како и од ЈО, особено ако се земе предвид дека се направени кривични дела кои се гонат по службена должност.

Не реагирањето на институциите индицира само на постоење на вмешаност на луѓе од власта или блиски од власта.

Инфомакс неколку дена по ред бара реакција од Златко Марин, но градоначалникот не одговара на нашите повици. Во текот на денешниот ден ги побаравме и градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, но реакција се уште нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This