(Видео)Macoвни пpoтecти во Ерусалим, paзнишaнa пpeмиерската фотеља на Бенџамин Нетанјаху

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снимки на кои се гледа како полицајци влечат демонстранти од пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвикаа дополнителен интерес светските медиуми. Неколку луѓе се притворени во Ерусалим за време на протестите на кои присутни беа неколку илјади демонстранти,.

На клип на новинската агенција „Руптли“ може да се видат судирите помеѓу активистите и полицајците кои се обидуваа да го растурат протестот пред резиденцијата на израелскиот Премиер, локација која стана централно место за собирање на демонстрантите.

Нешто по полноќ полицијата започна со отстранување на демонстрантите, па дури и применувајќи сила. Според „Тајмс оф Израел“, најмалку тројца се уапсени поради „нарушување на јавниот ред и мир и напад врз службени лица“. Помеѓу демонстрантите, приведен е и фоторепортер кој наводно нападнал полицаец.

Илјадници излега на протести на улиците на Израел, во рамки на масовните анти-владини протести. Според локалните медиуми, ова се најмасовните протести од 2011 година, а овој пат причина се обвиненијата за корупција против Нетанјаху, но и лошото справување со корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This