(Видео)TAЖНA НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА: Таткото нема пари да им ги разубави празниците на малите Елеонора и Теодора!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Сакам дедо Мраз да ми донесе новогодишна елка и пакетче, оти тато нема пари да ми купе“, рече малата Елеонора.

Искреноста на малата Елеонора ја пече душата на 35-годишниот Влатко Стојановски, нејзиниот татко. Четвртта година, откако станал самохран родител, по разводот од сопругата, тој е во улогата на татко и мајка на шестгодишната Елеонора и четири годишната Теодора.

„Што и да посакаат или јас поскам да им купам, немам можност да им овозможам, бидејќи пари немам. Еве се ближи Нова Година, моите мали ќерки сакаат елка, пакетчиња, да се сликаат со Дедо Мраз, но нема. Немам пари да им ги исполнам желбите и тоа многу ме боли“, изјави Влатко Стојановски – самохран родител.

Со социјална помош од 5.000 денари, тешко се поминува месецот, вели Влатко. Голем проблем е редовната набавка на лекови за помалата Теодора. На нејзе како бебе, веднаш по раѓањето извршен е оперативен зафат на срцето.

„Неполни четири години, откако е родена помалата ќерка Теодора, само по болници трчаме. Сега е малку подобра. Ќерките не ми ги примаат во градинка, бидејќи немам пари да ја платам градинката. Со социјална помош од 5.000 денари што попрво да скрпам во месецот. Да ги платам сметките за вода, струја, најважното лекови за малата, за храна. Не стигаат пари“, објасни Стојановски.

Нема поле за песимизам, мора да се живее, пред сé поради двете мали принцези, енергичен е Влатко. За да ги гледа, ја напуштил работата – пеглач во една од штипските текстилна конфекција.

„Тешко е многу. Во истовреме да си мајка и татко. Буквално немам време за ништо друго освен да ги гледам децата, да исчистам, подготвам храна, донесам дрва за огрев, исперам и денот отишол, иако станувам рано наутро“, објасни Стојановски.

Токму Елеонора и Теодора се неисцрпен извор на потребната енергија на Влатко, да истрае во крпениот живот. Тешко е, признава Влатко,взаемната љубов ги прави најсреќни. Иако, новогодишната желба на ќерките да се радуваат како и останатите дечиња на накитена елка и новогодишни пакетчиња, засега останува – само желба.

Сторијата е на ТВ Стар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This