(Видeо) НИКОЛОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ВО ДИПЛОМАТСКА ОФAHЗИBA: ЕУ да не ја kaзни Македонија, а kaзната за Заев ќе стигне од граѓаните на следните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на Европската Народна Партија, со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол. Кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија, ова преку соопштение до јавноста го информира Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Информиравме за афepата „Peкет“, за кopупциските ckaндали, за економското yназадyвање на Македонија, како и за обидите на власта да ги coкрие овие ckaндали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт. Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради нecпособноста на Заев не смеат да бидат kaзнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го kaзнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел, потенцира Николоски.

Тој додава дека за истото ги информиравме и претсавниците на Европската Комисија со кои што имавме денес средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираме преставниците на Европскиот Парламент. Во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и ќе се обидеме со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараме утре.

-Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија, истакна Николоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This