(Видeo) Профecop добил отkaз cpeде иcпит co cтyдeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Томе Наумов од Високата медицинска школа во Битола, кој има 39 години академски стаж, во текот на вчерашниот ден бил шокиран откако за време на испит, од администрацијата му соопштиле дека повеќе не е вработен.

„На држење испит, пред студентите ми беше соопштено дека сум одјавен од Агенцијата за вработување“, вели проф.д-р Томе Наумов, универзитетски професор, за Сител.

После ова, професорот Наумов вели дека студентите постојано му праќаат пораки за поддршка, а покренале и петиција. Според него, има кршење на законитоста.

„Надвор од законот за високо образование, сум одјавен од Агенцијата за вработување. Иако исполнувам 64 години, правото на професорот е со изјава да продолжи до 67 години. Тоа што некој го толкува, кој е август кој не е август, дали во тековната или претходната година, тоа е прашање за судот, и тие ќе го одлучат. Поднесов изјава, но нивното толкување е според Законот за работни односи, меѓутоа, не е важно, важно е што и така да е, не можеше да ме одјави, морав да ја завршам академската година“, вели професорот Наумов.

Од Ректоратот на Битолскиот универзитет велат дека ниту еден пишан документ поврзан со професорот Томе Наумов не пристигнал до нив затоа, без документација, не може да коментираат.

Директорката на Високата медицинска школа, професор д-р Домника Рајчановска, дека професорот доставил Изјава за продолжување на работниот стаж, но таа била доставена непосредно пред тој да наврши 64 годишна возраст, со што, како што вели, е прекршен член 104, став 3 од Законот за работни односи и секое нејзино поинакво постапување би било спротивно на Законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This