(Видeo) Copoc и поддржyвaчитe нa ЛГБTИ зaeдницата co поддpшкa зa обpaзовните „peформи“ – Heма одговop како ќе се повpзe Биг Бeнг и пpaисторијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование не отстапува од промената на образовниот систем во Република Македонија, ова е јасно по денешната нејзина пресконфернција по средбата со невладиниот сектор откако повиканите застанаа зад министерката и дадода поддршка за реформите.

Зад реформите на Царовска застанаа Коалицијата маргини која според официјалната страница на невладината се залага за почитување на основните човекови права со фокус на ЛГБТИ заедницата, Фондацијата Отворено општество на милијардерот Џорџ Сорос, организација која е забранета во повеќе држави, Хелсиншкиот комитет, Националниот совет на невладини организации на Македонија.

-Нашите училишта се небезбедни за голем број на млади луѓе, освен научниот карактер на образованието воспитната компонента е исклучително важна. Според Светска банка еден ученик поминува 1000 часови на училиште. Од тука училиштето мора да биде безбедна средина, средина која ќе овозможи раст и развој на целокупниот личен потенцијал на сите деца. Во основното образование се многу важно градењето на демократски капацитети и ставови кај младите. Од тука ја поддржуваме концепцијата, бидејќи конечно гледаме концепција која овие вредности ги става во својата основа, вели Ирена Цветковиќ од коалиција Маргини.

Како што напоменавме поддршка дадоа и од Фондацијата отворено општество на Сорос.

-Фондацијата Отворено општество Македонија го поддржуваме овој предлог на концепција за основно образование бидејќи таа нуди современ пристап кон наставата и учењето, вели Споменка Лазаровска.

Инфомакс постави и неколку прашања до министерката за образование Мила Царовска кои треба да ги елиминираат нелогичностите за најавените реформи.

-Суштината на финскиот модел не е во учењето на памет туку учениците сами да дојдат до сознанијата кои што им се претставуваат во образовниот процес. Може ли да ми објасните како ќе ја комбинирате темата создавање на универзум, праисторија и сообраќајна култура ќе помогне во образовниот процес, гласеше нашето прашање.

-Ние неколку пати имавме примери и од природни и од оптштествени науки светот го познава овој принцип на тематско интегрирање. Еве ако фатиме Европа таа треба да ја позиционираме каде се наоѓа географски исто така треба да видиме кој период од Европа ќе го работиме, да позиционираме кои личности твореле, владеле, какво било уредувањето од граѓанското образование, вели Царовска.

Поради немањето на одговор на конкретно прашање следуваше уште едно потпрашање каде побаравме одговор на конкретен пример.

-Прва лекција по Географија е за создавањето на универзумот Биг Бенг, првата лекција по Историја е праисторијата како овие два елементи би се поврзале, ова од од практичен аспект ако може да ни го поврзете, гласеше прашањето.

-Наставните програми за кои вие прашувате се втора фаза од овој период инаку без никаков проблем можеме да ви напишеме примери за праисторија за создавање ма космос, за сите теми кои учениците треба да ги стекнат како знаење од прво до девето одделение, вели Царовска.

Она што јавноста најмогу ја интересира е дали ќе се елиминираат дел од темите во настанвата програма, а одговорот на Царовска почна со не и едно големо НО.

-Дали ќе бидат елиминирани дел од темите од образованието, запраша Инфомакс.

-Апсолутно не, но наставните програми ќе ги подготвуваат експерти од темите кои треба да се интегрираат, вели Царовска.

Бидејќи покрај гореспоменатите елементи реформата во образованието ќе опфати и некаква си „родова еднаквост“, Инфомакс ги запраша Царовска, претставниците на Сорос и Коалиција Маргини за фактот дека се поголем број мажи не завршуваат високо образование, но од Сорос и Маргини не добивме никаков одговор.

-Во однос на родовата еднаквост, статистиките во Македонија и во светот покажуваат дека со текот на години мажите во се помал број завршуваат високи образование факултет. На тоа прашање би можеле да ни одговорат и од коалиција Маргини и од Фондација отворено општество можете и вие. Дали правите нешто за да се подигне бројот на мажи кои завшриле високо образование?

-Родовата рамноправност не е битка помеѓу мажите и жените во општеството, напротив се однесува на обебзебдување еднакви можности на сите родови во една држава, одговори Царовска.

Сopoc и поддржувачите на ЛГБTИ зaeдницата со поддpшкa зa обpaзовните „peформи“

Нема одговор како во ќе се поврзе Биг Бенг и праисторијата?! Пак се фатија за Европа!

Posted by infomax.mk on Tuesday, January 26, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This