(Видeo) Џонcoн: Бритaнcкиот coj на кopoнавиpycот е мнoгy пocмpтнocен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот сој на ковид што е откриен во Велика Британија може да биде посмртоносен од другите соеви, рече британскиот премиер Борис Џонсон на прес-конференција.

„Покрај побрзото ширење, постојат докази дека новиот сој е поврзан со поголема стапка на смртност“, рече Џонсон на конференцијата.

Вакцините што ги користиме во моментов се ефикасни и против новите варијанти, рече Џонсон, нагласувајќи дека токму новиот вид е причината поради која британското здравство е под силен притисок.

Советникот на британската влада, Патрик Валанс дополнително ја појасни изјавата на премиерот.

Тој рече дека нема разлика во смртноста кај пациентите заразени со различните соеви. „Сепак, кога се гледаат податоците за секој што е позитивен, постојат докази дека постои зголемен ризик кај оние кои се заразени со новата варијанта на вирусот“, рече Валенс.

Тој додаде дека доказите сè уште не се силни и дека сите податоци сè уште не се целосно потврдени.

„Понатаму сме загрижени дека мутираните вируси можат да бидат поотпорни на вакцините“, рече тој, додавајќи дека се потребни „повеќе клинички истражувања“ на новите соеви.

Од илјада 60-годишници заразени со старата варијанта, десет се очекува да умрат. Но, со новата варијанта, тој број се искачува на 13.

Разликата е видлива кога се гледа примерок во кој сите се заразени со коронавирус, додека зголемувањето на смртноста не се забележува доколку се анализираат само хоспитализираните случаи.

Слично зголемување на смртноста ќе се забележи и кај другите возрасни групи, рече Валанс.

Денеска бројот на потврдени случаи на инфекција во Велика Британија е 40.261, со што вкупниот број заразени се зголеми на 3.583.907 од почетокот на пандемијата, рече Крис Вити, главен епидемиолог во Велика Британија.

Велика Британија останува во тешка блокада и владата ги повикува граѓаните да се држат до сите мерки.

Претходните студии покажале дека британската варијанта на вирусот се шири 30 до 70 проценти побрзо од другите, а можно е да е околу 30 проценти посмртоносна.

Британската варијанта на вирусот стана најраспространета варијанта во Англија и Северна Ирска и се проширила во повеќе од 50 земји.

Вакцините на Фајзер и Оксфорд се ефикасни против британскиот сој, но постои одреден степен на загриженост за мутираните соеви од Јужна Африка и Бразил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This