(Видeo) Macaкр во Банглaдeш: Полициjaта пykaше во работници кои бараа зaocтанати плати и пokaчување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку пет лица се убиени, а десетина ранети кога полицијата во Бангладеш отвори оган врз работниците од термоелектраната во Читагонг кои ги бираа своите неисплатени плати како и покачување, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека полицијата била принудена да отвори оган отккао со цигли и камења ги нападнале околу 2.000 незадоволни работници од термоелектраната во градот Читагонг на југоистокот на земјата која е во сопственоста на кинеска компанија.

– Четворица работници загинаа на самото место, уште еден е во болнциа, а многумина се повредени. Се обидуваме да ја контролираме ситуацијата, изјави за Ројтерс полицискиот началник Азизул ислам и потврди дека најмалку шестмина полицајци се повредени.

Официјален претставник од локалната власт соопшти дека работниците протестирале поради неисплатени плати и дека изнеле и барања за покачување на плата и намалување на работните часови во текот на светиот месец Рамазан, кој почна оваа недела, кога муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце.

Електраната вредна 2,4 милијарди долари е сместена на 265 километри југоисточно од главниот град Дака, и е една од неколкуте проекти преку кои Кина настојува да ги унапреди и негува односите со Бангладеш, објави Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This