(Видeo) Oчиглeднo ce договopил со Јово: Oбвинитeлcтвo нema дa гo ГOHИ Baнгeловски зa пpeдметите во фиoкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Обвинистелството информираат дека нема да го гонат кривично поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за предметите кои наводно ги чувал во фиока до застарување, бидејќи постоеле само основи за одговорност пред Судскиот совет, а судијата веќе бил разрешен.

Во продолжение објаснувањето од обвинителство:

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција во однос на известувањето од 29.10.2019 година на Врховниот суд на РСМ, во кое се наведени предмети кои биле затекнати по донесените одлуки за времено оддалечување од вршење на судиската функција на тогашниот претседател на Врховниот суд и на уште еден судија. Надлежниот јавен обвинител ја донесе резолуцијата, бидејќи од кривично-правен аспект произлезе дека нема основи за сомневање дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.

Имено, ова известување Врховниот суд на РСМ најнапред го доставил до Судскиот совет на РСМ, кој потоа го препратил до Јавното обвинителство на Република Македонија, по што предметот беше проследен во надлежност на ОЈО Скопје.

По приемот на ова известување заедно со записникот од седницата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд, одржана на 03.10.2019 година, ОЈО Скопје направи проверки во Врховниот суд на РСМ и во Судскиот совет. Воедно, во обвинителството беше испитан и поранешниот претседател на Врховниот суд кој даде исказ, а подоцна и писмено приложи појаснувања преку свој бранител.

Од направените анализи и од наведените проверки произлезе дека констатираните состојби во извештајот и записникот на Врховниот суд на РСМ упатуваат на оценка за нестручно и несовесно вршење на функциите судија и претседател на суд што е во надлежност на Судскиот совет на РСМ. Но, пријавениот претседател на суд веќе бил разрешен од судиската функција по друг основ.

Од кривично-правен аспект, пак, обвинителството не утврди дека постојат основи на сомнение дека било извршено кривично дело кое се гони по службена должност, се вели во соопштението.

-Во разговорот потврдуваат дека во местењето е вмешан и тогашен претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, обезбедуваат ревизија преку ред, и укинуваат пресуди. Сега веќе е јасно дека нема владеење на правото и правната држава. Ќе се уверите лично, во директна спрега на релација власт-правосудство.

Вака зборуваше Зоран Заев на 15 февруари 2015 година, кога СДСМ беше во опозиција и објавуваше таканаречени бомби. Денеска Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ објави снимка на која која може да се слушне гласот на Зоран Заев кој целосно оркестрира со одлуките на Катица Јанева и Врховниот суд.

Од аудиото се дознава дека постои врска помеѓу Врховен суд, СЈО и Катица Јанева и договарања за да паднат предметите. Заев ги споменува и бегствата кои беа актуелни прво на Кочан, а потоа и на Груевски.

Зоран Заев признава дека се договарал со претседателот на Врховен суд Јово за да паднат предмети кои ги води Катица Јанева.Еден од начините тоа да се случи бил преку законот за СЈО, а ако не се случи тоа Заев вели трас – трас готово одлуката на Врховен суд ќе биде донесена.

Тој посочува дека Јанева цело време знае дека така треба да биде и така се однесува во својата работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This