ВИЗАНТИСКИ ИГРИ ВО СДСМ: Скопското крило му зема мерка на Заев, конгрес и поставување на Царовска за лидер на СДСМ по поразот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Царовска се дистанцираше од јавни настапи, зема позиција на англиска кралица, тука е, ама никому не му се меша. Жената мора да остане чиста, бил заклучокот на дел од екипата популарно наречена бранковисти, односно скопско лоби во СДСМ.

Царовска според внатрепартиски мерења пред коронавирусот имала рејтинг близок до Заев, била урбана, образована и преку неа ќе можело да се продава феминистичката приказна во Македонија – Прва жена премиер. За да дојде до тоа мора да падне Заев, тој овие игри ги насетува уште минатата година и почнува сериозно да се плаши за својата позиција на среден рок. Планот е направен во Струмица, Љупчо Николовски, дете на Заев, како што е познат во партијата да го напушти МЗШВ и да отиде на местото ген сек на СДСМ, со цел подготовка на општинските за после пораз и ударот на скопското крило. Заклучено е дека во наредниот период концесии, лиценци и тендери треба да добиваат луѓе од струмичко или луѓе од висока доверба на Заеви.

Наелектризираност е присутна, а шаховските фигури во послените месеци брзо се местат. Скопското лоби го вади Филипче на површина, кој не е добар со Заев, ниту со Шекеринска, која самата и се бунтувала против неговото присуство на листите за пратеници.

Следен во играта е Максим Димитриевски, кој треба да ја игра картата на патриотот во СДСМ.

Планот оди по две линии.

СДСМ е свесна дека националните распродажби на Заев ќе ги однесат на буништето на историјата и затоа екипата на Царовска преку Максим ќе го осуди Заев и ќе се огради од политиките на распродажба на националните интереси.

Втора линија СДСМ мора да стане градска партија повторно.

Заев е свесен за сите движења и во паника прави грешки, во игра со него е и Шекеринска, која е во лоши односи и со Царовска и Филипче. Се штанцаат лиценци за марихуана, а 80% од пазарот го држат луѓе на Заеви. Во секторот градежништво се појавија нови играчи кои преку ноќ свртеа милиони, и многу други бизнис шеми, за кои ќе пишуваме дополнително.

Заев со јакнењето на луѓе блиски до него сака да ја стави партијата во зависност од кланот, а со брзи избори да извојува пораз не поголем од 5 пратеника, со што ќе може да остане на чело на СДСМ со приказната што очекувавте сменивме име па мораше да не казнат, јас спасив да не биде поголем поразот.

Во налет е планирана смена на сите што ќе се побунат, а партијата со милионите кои ги вртат фирмите блиски до Заеви ќе треба да функционира и да купува мир, особено после поразот, кога многу коалициони партнери ќе бегаат или за да останат ќе бараат пари. И Заев тоа го знае.

Ваквата ситуација помешу чекан и наковална го прави нервозен Заев и тој тоа го покажува и на гостувањата како тоа денеска на Канал 5 кога после 1 минутно мирно зборување почнува на висок тон да комуницира и да меша зборови.

Агендата на Заев е или брзи избори и останување на чело на СДСМ по помалиот пораз или ништо. Затоа е целата паника.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This